Коса во боја на црна цреша

После сите базични чоколадни бринети, или „уредни“ русокоси, а и години после зелените/сивите/розевите, доаѓа тренд на кој што сме навикнати. Дали од сопствените први експериментирања, или од наставничките од основно, одлучете сами.

Бојата е како црна, или многу темно кафена, со топли подтонови на магента, црвено и виолетово. Погледнете чаша со црвено вино - натаму е. И зависи од природната боја што ја имате. Колку посветла, толку повеќе ќе зрачи.

Модерна беше во доцните ‘90 и рани 2000, но денес се враќа и тоа преку некои славни личности, па сè повеќе луѓе се фаќаат за неа (или ѝ се враќаат).

Селебрити-стилисти советуваат како да се постигне - ако ви е темна косата, се почнува од коренот, па се оди надолу до врвовите, што било супер ако генерално ве мрзи да се бавите со косата бидејќи оваа варијанта не бара многу замарање и кога ќе почне да паѓа бојата, не е толку забележливо. Колку ќе трае бојата зависи и од квалитетот и од тој што ве фарба. И ако веќе ви е фарбана темна, предлагаат да се извадат прамени (на темна фарбана потешко фаќа).

Ако мислевте дека со светла коса ќе ви биде најлесно - нема, затоа што баш оваа боја што е во тренд да се изведе, бара прво фарбање потемно. На русокосите им фалат црвените и портокаловите тонови бидејќи русата коса нема меланин, па ќе им излезе мастилава. И природните русокоси ќе мораат поредовно да ја одржуваат бојата.

 

Околу грижа и нега важат истите правила за фарбана коса - важно е да се посвети внимание. Се користи шампон за фарбана коса и регенератор, за да се одложи избледувањето на бојата и да се прочисти скалпот и паметно е да се планира миењето (по можност, да биде поретко, не секој ден) за да не падне бојата побрзо.

31 јануари 2023 - 13:31