Малори Рајс од Космополитен вели дека Обри е сè уште суштински, освежувачки иста како последниот пат кога ја интервјуирала: опасно креативна, постојано спремна на ризик и чудна на начин кој постојано нѐ потсетува дека ништо во животот не мора да биде ни досадно, ни обично.
Нејзиниот талент за правење дури и на секојдневното да биде електрично е она што ја прави и нејзе и нејзината кариера фасцинантна за гледање. Светот ја запознава како Ејприл Ладгејт во „Паркови и рекреација“, но таа се трансформира со секоја наредна шанса, без разлика дали е интервју на телевизија, или појава на доделување награди.
Во последниве неколку години, меѓу другото прв пат режираше, се омажи за долгогодишниот партнер, режисерот Џеф Бена и сними филмови од кои некои стигнаа до Санденс.
Од каде идеите?
„Обично од бивање во светот. Немам живот во кој постојано добивам потсетувања дека сум актер, или дека сум славна. Кога сум во ЛА, има папараци-слики од мене како ги шетам кучињата, затоа што чекаат да се појави Бред Пит, па ќе ме добијат мене.“
Целото интервју - тука.