Памела Андерсон е нераскинлив дел од поп-културата, до тој степен што луѓе се натепаа пари користејќи го нејзиното име и имиџ, без разлика дали таа учествуваше, или одобруваше.
Скоро се појави играната серија „Пам и Томи“ која го обработуваше периодот кога им протече домашната секс-снимка. Андерсон не беше задоволна. Затоа и не е чудно што сега веќе гледаме трејлер за документарна серија што таа ќе ја обликува.