ОнлиФанс модел прв пат споделува дека е родена како машко, бившите дечковци не се задоволни

Дваесет и седумгодишната Мишел Александра од Манчестер е родена како Мичел, но од многу мала возраст сфатила дека не се чувствува како момче. На 12 почнала да транзитира, за на 18 комплетно да стане жена и да почне да живее така. Решава и да ја сподели својата приказна, но сега излегуваат сите поранешни партнери кои не биле информирани за „ситниот“ детаљ додека биле со неа.

На своите 25000 следачи на Инстаграм (меѓу кои се најверојатно и бившите и нивните друштва), Мишел Александра на почетокот на јануари им кажа дека всушност била родена како машко. Го избрала тој период за откривање на информацијата бидејќи патувала по Јужна Америка и не ѝ било сеедно да биде дома кога ќе сподели поради очекуваните негативни реакции. За кратко време почнува да добива заканувачки пораки од „ќе видиш убаво“ до „ќе те убиеме“ и е крајно вознемирена.

„Пораките се ужасни и почнав многу да се плашам за својот живот. Мажи со кои претходно сум била во врска или нивни роднини ми кажуваат ‘се надеваме дека ќе умреш‘ или ‘ќе те убиеме‘. Ми пишуваат одвратни нешта што многу ме повредуваат.“

Профилите што праќаат такви пораки ги блокирала, но доколку продолжат, вели дека ќе зборува со полиција.

„Уште од четиригодишна возраст сакав да бидам женско и среќа што семејството ме поддржа. Брат ми и татко ми се помачија со тоа низ годините, но се помирија.“

На 14 почнала да зема хормони, на 17 ја направила првата операција за зголемување на градите, а до 18 веќе го имала сменето името во Мишел и отишла под нож за комплетно менување на полот.

„Споделив затоа што секогаш се жалев дека транс-прашањата не се спомнуваат на телевизија и медиуми, па помислив - се жалам, а ништо не правам.“

Откако ќе ѝ заврши патувањето, вели дека планира да почне подкаст и Јутјуб канал за дискусија на идентитетски прашања кај трансродовите лица. И покрај пораките, добила позитивни реакции од луѓе што и самите се соочуваат со истиот проблем.

23 јануари 2023 - 11:39