Not So Blonde, Јутјуб-каналот што редовно части со „Што се носи во Париз?“ има направено краток документарен филм за трендовите што на луѓето им се преку глава. И реално, некои работи стварно е време да се спакуваат по кутии да се однесат во подрумот на демоде-то.
Скини-фармерки на пример, тесни, на граница на хеланки. Да, одлично влегуваат во чизми и вршат работа, ама толку многу луѓе не знаат да ги носат, што веројатно е најбезбедно да се повлечат.
За оние дебели штикли на Версаче, што за кратко потоа влегоа на секој иБеј, Асос и продавница за кинеска роба, мислењата се поделени. Ги имаш овие неколку во документарното филмче што се потресуваат по малку од гад, наспроти љубителите на штикли и платформи што најдоа чаре да им биде поудобно, а пак да се на штули. Сепак, самиот модел од прво појавување како да вриштеше „јас сум само за оваа година, путујте да се не љубимо“.
И уште нешто што требаше никогаш да не направи камбек - оние маици божем кинети, развлечени, па од самиот материјал се прават реси што се носеа во ‘91 и Џуси Кутур тренерки - плишани, со штрас на газ. Немојте луѓе, аман.