Семеен бизнис на денот

Колку генерации ја држите вашата семејна фирма? Три? Пет? Пробај педесет и две.

Најстариот хотел на светот се вика Нишијама Онсен Кејункан, се наоѓа во Јапонија и работи од 705 (седумсто петта!!!) година. Семеен бизнис е за 52 генерации.

И на Букинг го има, со fabulous 8,6 оценка.

Ама ние еднаш рековме дека Јапонците се од друга, попријатна планета.

13 февруари 2023 - 13:34