Вработените на еден израелски аеродром се шокирале кога еден пар решил да си го остави бебето на чек-ин, откако им било кажано дека и за него мораат да купат карта. Инцидентот се случил на шалтерот на Рајанер во Тел Авив.
Патувале со белгиски пасоши кон Брисел и бидејќи немале однапред платено билет, се брзале и на крај решиле да го остават бебето сосе количка и да тргнат.
„Никогаш не сме виделе нешто вакво. Не можевме да веруваме што гледаме,“ изјави еден вработен за тамошните медиуми.
Според управата на аеродромот, пристигнале доцна и многу им се брзало да поминат пасошка контрола и скенери - со или без бебето. Тогаш агентот за чекирање го информирал обезбедувањето на аеродромот, кое ги вратило патниците назад и сега „тоа е работа на полицијата,“ според изворите.
Може не сакале да фатат гужва. Знаете како е со евтините летови, како автобус со крила, па некој ви седнал на местото, па да се преместувате, па нервози...
А сега, озбилно, како бе, им текна?!