Што има кај Памела Андерсон во ташна?

Британски Вог ѕирка (сосе нас) во ташна кај Памела Андерсон, која на сечие големо задоволство се враќа на голема врата, и со документарец и со автобиографија.

Кога те тераат од Вог да ја истуриш ташната, значи си битен во моментов, а Андерсон е и тоа како актуелна со преземање на наративот во сопствена контрола, после децении експлоатација од Холивуд скоро, па рамна на Мерилин Монро.

Ташната е Стела Макартни.

„Не знам зошто имам танга во ташна, но немојте да ми кажете дека и вас не ви се мота стегач за коса.“ После ја собира косата со гаќите и вели: „Озбилно се враќаме во ‘90-те.“

Меѓу другото има CBD масло, винтиџ очила за сонце и минијатурно шишенце Love Potion - нејзиниот парфем од иланг иланг и рози од нејзината градина.

Видете како симпатично споделува дека е всушност, обична жена - лепеза за „жештини“ и масло за артритис. И 137 пеги затоа што не се мачкала со заштитен фактор како мала.

9 февруари 2023 - 12:41