Џими Чу пушта соработка со Сејлор Мун за Св. Валентин

Вест што модните ентузијасти ја прифаќаат со интерес, и колекција што посветените фанови на Сејлор Мун најверојатно ќе ја пречекаат во шатор пред врата, или наапани пред компјутер за нарачки.

Ај.ди-вајс ја нарекува претстојната колекција инстантно иконична, и реално, луѓето што сакаат и мода и јапонски цртани веројатно се на седмо небо. Причината е триесетгодишнината на серијата на Наеоко Такеучи, која ги следи авантурите на една ученичка која се претвора во божица-чуварка-на-месечината и нејзиното маче Луна. Колекцијата ќе има светкави чевли и додатоци кои на фановите на ликот (меѓу нив и Били Ајлиш, Хантер Шефер и Лизо) ќе им овозможи да се дотераат поверно на цртанот. Ќе има Сејлор Марс црвени салонки, Сејлор Венус сатенски портокалови чевли на платформа и достапна-по-нарачка верзија на розевите чизми до колена на Сејлор Мун што веројатно сите ќе ги интересираат.

Основата е заедничкиот интерес на Џими Чу и Сејлор Мун:

„Делиме вредности не само за женската моќ, туку и за способноста на модата да инспирира инклузивност и индивидуалност преку карактер и верување во себе,“ вели Сандра Чои, креативниот директор во Џими Чу. „Идејата за трансформација преку мода е централна идеја кај Наеоко Такеучи и облеката игра витална улога во идентитетот на суперхероините, особено нивните чевли, најмоќниот трансформатор во кој можеш да влезеш.“

Јес.

13 февруари 2023 - 13:31