Има ли пилот во H&M?

H&M повлече цела колекција на облека брендирана со Џастин Бибер откако пејачот на Инстаграм ја нарече ѓубре.

Не се знае каде фали пилотот - во  H&M или во тимот на Џастин Бибер, затоа што брендот за брза мода пушти Џастин Бибер-колекција, а Бибер кажа дека е тоа направено без негова дозвола и одобрување.

„Не сум одобрил ништо од колекцијата во H&M... сè е без моја дозвола и одобрување... Не ми се верува, јас не би купувал на ваше место.“

На втор слајд, веројатно доналутен вика:

„H&M колекцијата што ја направија со мене е ѓубре и не сум ја одобрил, не ја купувајте.“

Ако случајно на фановите не им било јасно од неговата објава, дури и искоментира на една слика,

„Кога сите ќе дознаат дека не сум го одобрил ова, не ми се верува“

И доби илјадници лајкови.

Е сега, во изјава, H&M кажаа дека сè било по процедура и дека било уредно договорено. Но, по јавното оградување решија да ја повлечат колекцијата.

„Од почит за соработката со Џастин Бибер, ги отстранивме сите парчиња од продавниците и од сајтот.“

Бибер еднаш веќе има соработувано со H&M во 2017.

Главното прашање е сепак, со оглед на тоа што пораснаа девојчињата што му врескаа на концерти - кој воопшто би посакал да купи нешто со фацата на Џастин Бибер?

Не, озбилно?

8 февруари 2023 - 10:31