Имаше малку драма на Њујоршката модна недела пред некој ден, една недела пред да почне официјалниот распоред - Лурдес Леон, манекенката, кореографка и ќерка на Мадона, пристигна на ревијата на Марк Џејкобс и од обезбедувањето ѝ рекоа дека е предоцна за да ја пуштат внатре.
Според ТикТокерката што го снима инцидентот, Лурдес, која има и учествувано во кампања на Марк Џејкобс за 2021, стигнала точно во 6 часот, кога требала и да почне ревијата. Во видеото, од кола се упатува кон скалите на локацијата и ја запираат чувари со зборовите „Затворени сме.“
Присутните почнуваат да ја бранат со „Една минута беше!“ и „Ќерка ѝ е на Мадона!“, а се појавуваат и двајца да се обидат да ги вразумат чуварите.
@mickmicknyc Drama outside the #marcjacobs fashion show as #lourdes wasn’t allowed in after arriving exactly as the show started #nyfw #nyc #nycfashion #madonna ♬ original sound - New York Mickey
Чуварите одречно нишаат со глава.
Почнува да се скандира „Let her in! Let her in!“, па дури и се слушаат закани дека некои си таму ќе престанеле да пазарат кај Марк Џејкобс ако не ја пуштат.
Дури ни тоа не ги убедува од обезбедувањето да се смилуваат. Според Дејли Мејл, не ја пуштиле и се откажала и се вратила во кола.
Значи, биди кој сакаш - нема непочитување на Марк Џејкобс.
Види и: Марк Џејкобс за накит, Студио 54 и други занимливости