Треба ли да се дозволи жена без мозочна функција да биде сурогат?

Има филозофски труд, во кој идејата е жени кои се пред гасење апарати, значи со мртов мозок, да можат да се искористат како „рерна“.

Во делови од светот каде што абортусот е забранет, жени се принудени да доносат фетус на кој му фалат делови од черепот, а жртви на силување се принудени да го родат бебето од силувачот. Во ваков свет, се појавува и вирална дебата - дали на жени во кома, без мозочна функција, без надеж за будење и водење нормален живот треба да им се искористат матките како сурогати?

Норвешки филозоф објави труд во Журнал за теоретска медицина и биоетика уште во ноември, но стана тема на дискусија откако медиуми како Дејли Мејл и Фокс Њуз го собраа и го претставија пред светот.

Во нејзиниот труд, Ана Смајдор расправа дека, со дозвола на потенцијалниот сурогат, „целосна гестација“ треба да се дозволи како што е дозволено донирањето на органи.

„Бидејќи со задоволство прифаќаме дека донаторите на органи се доволно мртви за да донираат, не треба да се противиме и на ова,“ пишува таа. „И овие донатори се исто мртви како и другите - ни повеќе, ни помалку. Бременоста успешно може да се истера до крај и кај жени без мозочна функција.“

Додава и дека нема очигледна медицинска причина зошто ова да не биде можно.

Трудот се разбира наиде на бурни реакции, делумно затоа што и некои влијателни ликови онлајн (како Натали Емануел од „Игра на тронови“) погрешно тврдат дека Смајдор од владите бара да го наметнат ова на пациенти без мозочна функција. Трудот сепак расправа дека жените треба да имаат опција да побараат нивните тела да се користат како сурогат, исто како што имаат право да побараат да им се донираат органите после смртта.

Сепак, и покрај сигурноста за дозвола од пациентот лично, филозофската дебата останува морничава и вознемирувачка бидејќи личи како да е тоа природниот тек на нештата. Повторно телата на жените се користат како инкубатори, како машини чија репродукција е тема на набљудување од владите, на регулација и на казна.

Поголемиот дел од критиката кон трудот на Смајдор е вкоренет во погрешните информации околу тоа што се кажува внатре, а што не. Сепак, возбудата околу него рефлектира нешто подлабоко, кога е уште свежо што една од најголемите сили во светот внатрешно се расправа со нешто толку назадно како бранење абортус.

7 февруари 2023 - 16:12