Карактерот не ни е исклесан во камен

Најновите истражувања покажуваат дека тоа што сте пис на уста или интровертни не значи дека сте заглавени засекогаш.

Може сте посакале да сте подобро организирани, или подружељубиви, поиновативни, оригинални, или помалку да се грижите. И ова им се случува на многумина, според некои истражувања: Речиси две третини од луѓето би сакале да променат барем некој елемент на нивниот карактер. Ова во минатото се чинело залудно - се мислело дека карактерот ни се формира во детството и останува таков до крај на живот. Она, волкот го менува влакното, ама наравот не, така и луѓето - но! Најнови научни истражувања сепак ја оспоруваат трајноста на карактерот. Со вистинските психолошки стратегии и вложување напор, многу луѓе можат да се стават во нов калап, и тоа таков што им одговара и што им се допаѓа.

Гените секогаш играат улога - затоа и се случува на нешто да реагираме исто како некој од родителите, и затоа близнаците се послични од обични браќа/сестри. Но, доколку се наложат одредени активности кои ги рефлектираат карактеристиките што луѓето ги сакаат за себе, може да се постигне: Интроверт што би сакал да е поотворен може да се запознава со непознат секоја недела, или да се потруди да поразговара со касиер во маркет. Некој што сака да биде подисциплиниран, може да вежба со лекторирање на своите мејлови пред да ги прати, или да напише список на задачи пред да си легне. Невротична личност може да добие вежби за емотивна регулација, како запишување на чувствата кога ќе се залетаат да го преплават.

Сето ова може да изгледа незначително, но целта е шемите на размислување и однесување што се наметнуваат да станат навика. И доказите покажуваат дека ова навистина влијаее.

Ваквата карактеристика на нашите умови е всушност супер вест за секој што би сакал да се дружи повеќе, да се организира или да биде поведар. И уште една потенцијална придобивка од истражувањето е потенцијалот што го има за подобрување на менталното здравје. Состојби како депресија и анксиозност често се карактеризираат со чувство на беспомошност: луѓето веруваат дека негативните чувства се едноставно дел од нивниот карактер и дека не можат многу да направат за да ги сменат. Затоа и се наоѓаат во тој затворен круг.

Но, едуцирање на луѓето за нивната способност да се променат, што е научно докажано дека е можно, ги носи на позитивна траекторија. Без разлика дали се бориме со сериозни проблеми, или сакаме да ги избрусиме острите делови од себе, фино е да се знае дека нашиот карактер е всушност во наши раце. ДНК и воспитувањето можеби ни налагаат одредени карактеристики, но сепак имаме и моќ да ја формираме нашата идна верзија.

14 февруари 2023 - 14:15