Дали кор-кор е уметноста на нашето време?

Сме имале котиџ-кор, Барби-кор до сега - тренд, правец што обично станува вирален на ТикТок, мава како бран и го снемува кога на луѓето ќе им текне на нов „кор“. Овој најновиов е за антикапиталистички компилации и видео-колажи за осаменост.

19-годишен студент по филозофија почнува да прави дигитални колажи за видео - комбинација од оригинална поезија, други видеа од ТикТок, исечоци од вести и архивски снимки. Претходно немаше име за овој стил на монтирање, но летото 2022, се нафатија уште повеќе луѓе и некој го смисли хаштагот #corecore.

@eddoeh

you can do it

♬ original sound - eddie hewer

Се нарекува уметничко движење на нашето време, со видеа што се често долги и по една минута, а почнуваат со мисла што ја опишува современата човечка состојба на некој начин (осаменост, носталгија на пример) и комбинира серија клипови од други места на ТикТок. Се користат и Јутјуб видеа, политички говори и филмови - сѐ за да се повика чувство или да се преведе одредена порака до гледачот. Веќе има и бројни онлајн дебати за оригиналната мотивација зад кор-кор и како е веќе расипано. Некои така се борат со капитализмот и го истражуваат ефектот што технологијата го има на општеството. Има и такви што расправаат дека е опасен жанр што успева повеќе да ги депримира луѓето, а има и споредби со дадаизмот.

Студентот од погоре, Еди Хјуер, вели дека да се нарече кор-кор генерациско уметничко движење е „претерување“.

„Мислам дека сепак претставува ниш-уметници кои слично реагираат на доцниот капитализам, зависноста и претераната стимулација на современата технологија, како и битката да се најде значење во дигитално доба,“ вели тој. „Би рекол дека кор-кор фино се вклопува во пошироки движења како постмодернизмот.“

За него, кор-кор е отскочна даска за пошироки уметнички полиња, како начин луѓето да се испробаат во уметничкиот свет.

@msnrsn perhaps true pain is an eternal longing for a feeling you’ve never felt #love #interlinked #intimacy #bladerunner #alone #loneliness #real #realtok #nichetok #corecore #mentalhealth ♬ aisatsana [102] - Aphex Twin

„Кор-кор е како сад во кои младите уметници експериментираат пред да излезат надвор во широкиот свет на уметноста.“

Иронијата на кор-корот е што вресокот доаѓа од внатре во куќата. Младите ја користат истата технологија што почнале да ја презираат за да го изразат презирот.

„Клиповите што ги правиме се болно иронични затоа што начинот на кој ги правиме е сорсирање, собирање и рециклирање содржини од платформа што ја мразиме, па ги објавуваме на истата таа платформа, за придобивки во вид на лајкови и реакции,“ вели Еди. „Врескаме од собата во која можеме само да ги чуеме другите како врескаат.“

Видеата често знаат да бидат нихилистички, но уметниците зад правецот се надеваат дека ќе дојде и попозитивен кор-кор, во блиска иднина, кога луѓето би ја споделувале сопствената ранливост за да помогнат другите да се почувствуваат помалку сами.

27 февруари 2023 - 00:00