Каква врска има „такси-теоријата“ со љубовниот живот?

Во основа, идејата е дека љубовта нема врска со посветеноста, туку се работи за тајминг (или сме стигнале до момент кога веќе ни е преку глава од бирање).

Сè почна од епизодата на „Сексот и градот“, каде што вечно и безнадежно романтичната Шарлот упорно се држи за идејата за „вистинска љубов“. Две недели откако ќе го запознае идниот сопруг Треј, вели,

„Понекогаш, едноставно знаеш, како магија е, како судбина.“

На ова Миранда ја лепи такси-теоријата:

„Не е судбина, туку слободна кола - толку,“ вели таа. „Мажите се како такси-возила; кога се достапни, им свети ‘слободно‘. Се будат еден ден и одлучуваат да се смират, да имаат деца, што и да е, и го вклучуваат светлото за ‘слободна кола‘. Следната жена што ќе ја соберат - толку! Со таа се женат. Не е судбина, туку чиста среќа.“

Во најосновна форма, теоријата потекнува од идејата дека врските со обврски се ехо на денешното дејтање со апликации. Отпрвин, ветувањето што ти се дава кога ќе ја симнеш апликацијата и ќе добиеш пристап до нејзиниот бескраен потенцијал - влијае на однапред смислена идеја дека твојата „сродна душа“ мора да е таму. Со тек на време, апликациите сепак губат на возбудливост, па од „барање љубов“ се префрлаш на скролање и веќе и не знаеш како намерно селектираш профил што би можело да ти одговара. Што е поважно, после месеци (или години) одење на глорифицирани состаноци на слепо со луѓе што ти пикаат јазик во уста веднаш откако ќе побараат сметка, лесно е да се гледа на „помирување“ и „посветеност“ како една те иста работа.

Ова нè носи до коренот на теоријата - дали во наоѓањето партнер сè помалку се работи за наоѓање човек за себе, а повеќе за „ова Е човек за мене, и тоа баш во моментов“?

Сепак, според PureWow, онлајн контактите можат да се искористат како предност. Селективно излегување со луѓе е во ред, ама што ако се батали тоа и се согласите да излезете со човек што нема ист вкус за музика како вас? Или одите во кино со мачкар, кога вие чувате куче? Во најлош случај, си одите и никогаш веќе не го среќавате човекот. Во најдобар? Ќе најдете некој „ваш“ што не сте го ни барале.

28 февруари 2023 - 00:00