Насекаде по интернет има критичари - всушност, овој начин на комуникација можеби е едно од најуниверзалните онлајн искуства што постојат. Дали си анонимен профил, микроселебрити на Твитер или едноставно популарна јавна личност, и само еден коментар да имаш објавено, некој сигурно ти се има закачено.
Да ја земеме инфлуенсерката Блер Волнатс за пример. Во очите на коментарите, како што кажува во едно нејзино видео, кога ќе ѝ подарат брендирана ташна станува спонзоруша; ако купува брза мода, тогаш тоа не е етички; ако купува од одржливи, независни брендови тогаш не можат да се пронајдат во содржината и е нереална; купување половна облека значи земање од уста на тие што стварно им треба; изработка на сопствените алишта е недостижно... И веќе на крај, човек не знае што да прави.
Но, се разоткрива една универзална вистина - жителите на интернетот, во недостаток на подобар термин се хејтери, често мотивирани од љубомора, или инат, или нивните лични проекции. Има да те критикуваат што и да направиш, често нема да биде фер, или ќе биде тотално неиспровоцирано (особено ако си жена и работа ти е да изгледаш добро, а и добиваш ствари бесплатно). И после разработениов пример, се наметнува прашањето - кога веќе секако ќе нè критикуваат, зошто едноставно да не правиме што сакаме?
Инаку, упорноста на онлајн критиките има корени во една културолошка фрустрација во врска со привилегијата и систематската неправда. Проблемот со тоа што интернетот се однесува како казнен морален компас не е дека моралните компаси се од старт бескорисни - туку дека нивната интернет верзија е неконзистентна, неефикасна и често неинформирана. Добрата вест е што таа верзија не ни е ни потребна, затоа што можеме сами да си креираме морален компас. Да ги истражуваме изборите што ги правиме, да бидеме во допир со реалноста и да веруваме дека она што бираме да го правиме (или не) е само начин да се подобри односот со светот околу нас.
И ова е одлична причина да се исклучи поголемиот дел од онлајн-вревата што не ни одговара.