Текстов шета по интернет, авторот веќе не му се знае, ама советите си остануваат бесценети.
Сега имам 29 години и 3 деца со жена ми Франциска која профи ги износи и ги роди. Ова би си кажал себеси на 24 години, пред да станам татко, околу тоа како да бидам добар партнер за време на фазата „станување родители“:
Жена ти го носи бебето ВО стомак 9 месеци. Значи, ти ќе го носиш НА стомак 9 месеци секогаш кога можеш. Не само што ќе ѝ помогнеш да се опорави, туку и се поврзуваш со детето повеќе отколку што можеш да замислиш.
Жена ти дои и - иако ѝ е убаво и ја исполнува - ја истоштува. Значи, ти ќе ја смениш СЕКОЈА пелена што ќе можеш да ја смениш. Од првата натаму. Брзо ќе ти помине гадењето. И ќе спречиш дисбаланс и нетрпеливост во врската; всушност, кога на жена ти другарките ќе се жалат колку немаат поддршка од сопрузите, твојата ќе се фали од тебе.
Прави ѝ безкофеинско кафе секое утро. Дури и ако го остава ладно и заборава да го испие повеќето утра затоа што заспива додека ти работиш, или ги носиш децата во школо. Била будна цела ноќ хранејќи го бебето, па ти помогни ѝ да го започне денот на начин кој ѝ помага да се ресетира.
Кажувај ѝ дека е убава и помогни ѝ да го сфати тоа во моменти кога е критична и безнадежна за нејзиното тело. Потсети ја како достигнувала цели порано. Потсети ја дека е суперхерој. Буквално ги поместила сите органи и качила над 10 кила за да ти даде дете што ќе ти биде поклон до крајот на животот. Помогни ѝ да согледа што има во себе и да остане фокусирана на позитивна цел, секој ден по малку.
Трпи ја. Хормоните се луди и пред и после породување. Нема да личи на себе секој ден и понекогаш ќе каже нешта што не би ги кажала, да не се чувствува како да е пијана, на кофеин и стероиди секој ден. Сети се дека тебе ти е работа да ѝ бидеш потпора во текот на сево ова, така што биди поцврст и држи ја перспективата дека јазикот ѝ е поостар отколку што има намера. Нормалното ќе се врати наскоро и сакаш да биде благодарна што си бил стабилен кога таа не била и да не ти замери и да се разочара што си ги искористил нејзините емоции и си ги направил нејзините проблеми свои.