Концептот го креира Џејсон Комли, ИТ-професионалец, инспириран од Спецназ - елитна руска воена единица со интензивен режим на обука. Првичната цел му била за нешто да биде одбиен барем по еднаш на ден (на пример, првиот ден, замолил тотално непознат човек да го превезе на другата страна на градот). Од таму, терапијата со одбивање станува како игра со карти, каде што секој „играч“ седнува до непознат и започнува разговор, или бара да му се намалли каматата на кредитот, бара попуст пред нешто да купи, и така натаму. Главно, идејата е да предизвикаш да те одбиваат често и на крај да го надминеш стравот од успех.
Што мисли лиценциран психолог за ова?
Др. Елизабет Мореј, психолог и претседател на стартап кој поврзува пациенти и психолози според потребите и можностите, вели дека во основа, терапијата со одбивање е всушност легитимната терапија со изложување (exposure therapy) - веќе познат третман, развиен за луѓето да се соочат со своите стравови. Истакнува дека е сосема нормално да се плашиш од неуспех, бидејќи како луѓе сме природно настроени кон поврзување, а не одбивање - па апсолутно е нормално одбивањето да ти е минимум непријатно, а во најлош случај - трауматично.
Таа вели дека овој тип на терапија, па и во вид на игра со карти е „форма на самопомош која од индивидуата бара да изведе задача што ја изложува на ситуации кои предизвикуваат анксиозност бидејќи може да биде одбиена.“ Вели и дека многумина од нас природно се изложуваат на ваква „терапија“ со тоа што полагаат надежи во нови врски, работни места или едноставно бараме нешто за кое можеме да бидеме одбиени. Во легитимни сесии, терапевтите постојано ги охрабруваат клиентите да кажуваат и да истражуваат нешто што инаку би го избегнувале, вклучувајќи и страв од одбивање, и да пробуваат однесувања што не се избегнување во присуство на таа анксиозност. Со тек на време и со пракса, се станува помалку чувствителен (се отапува) во вакви ситуации, па стануваат способни да се справат и да се однесуваат на поинакви начини што не вклучуваат и избегнување.
Според Мореј, ова е за луѓе што се надеваат дека можат да ги прошират своите комфор зони, со терање себеси да преземаат нови ризици и да си дозволуваат поголема ранливост. Ова може да биде многу здраво, особено ако е во насока на живеење поисполнето, на начин кој соодветствува на нашите вредности. Но, не е за сите, бидејќи на некои луѓе им е потребна помош и поддршка во вакви ситуации, па ставање себеси во ситуација што плаши и потресува може да биде контра-продуктивно.