Во последната кампања, бренд-амбасадорката Леа Сејду држи релевантни ташни, застаната пред апстрактни слики од Џоан Мичел, иако, сега веќе се знае дека Фондацијата Џоан Мичел не дозволила.
Џоан Мичел се смета како една од најголемите повоени апстрактни уметници, чии слики редовно се споредуваат со сликите на Моне. Во моментов има и нејзини дела изложени заедно со Моне во Фондацијата Луи Витон.
Во спорните реклами, актерката држи Капучин ташни, чија цена знае да стигне и до 10.000 евра, седната пред слики од изложбата. Криста Блачфорд, директорка на фондацијата со Њујорк Тајмс сподели дека го одбиле барањето на ЛВ да ги користат слиите во кампањата, по што добиле уште едно барање од советникот на главниот и одговорен во ЛВ Бернар Арно.
И втор пат ги одбиле.
„Иако многу луксузни брендови за своите фондации велат дека се одвоени од брендот, ЛВ има историја на обиди да ги поврзе двата ентитети во очите на јавноста,“ објаснува Наташа Деган, претседателка на студиите за уметнички пазар на Модниот институт за технологија.
Од фондацијата на Џоан Мичел велат дека ова искуство им кажува дека биле грешка кога мислеле дека ЛВ фондација и ЛВ компанија се две одвоени работи.