73 прашања со Џенифер Лопез

Отсекогаш сакала да направи кавер на Martha од Том Вејтс.

Џенифер Лопез баш и не се појавува често во Off Café. Ја имавме периодот кога беше недозволиво негодувањето на јавноста околу нејзиниот настап со Шакира на Супербол, или „Настапот на двете најуспешни жени во светот да ти бил антифеминистички“, а и во „Честито на сите што сфатија дека и возрасните жени се секси“.

Последно, како филмски негативец и контра на сè што на мажите им е свето.

Но, бидејќи концептот на Вог со 73 прашања е супер, еве ја пак. И пак изгледа одлично (и ние така по дома во распашана лудачка кошула!), зборува за лошиот фустан што го носела на првата премиера, за кој нејзин филм би сакала да сними продолжение и што е најтешко кога си продуцент, додека ние се прашуваме на кого побогу му требаат толку многу фиоки во кујна?

И чисто да си знаете, не сте сами - и нејзе ѝ се најстрашни тинејџерските години на нејзините деца.

16 февруари 2023 - 11:46