Честито на сите што сфатија дека и возрасните жени се секси

Видовме како изгледаат на полувремето од Супербол.

За многу гледачи, изненадувањето во настапот на Шакира и Џеј Ло во неделата беше нивната возраст што не ја ни спомнавме кај нас - 43 и 50, па се твиташе во шок и неверување дека 50-годишна жена може да изгледа одлично.

Постара е, а уште е згодна! Уау!

Џеј Ло не е единствена ѕвезда чија возраст се спомнува со „леле, леле“ кога и да се работи за нејзиниот изглед. Истата судбина ја прати и Џенифер Анистон, што ја китат со наслови од типот „Како Џенифер Анистон изгледа вака добро и на 50“. И додека жените секојдневно се соочуваат со сè повеќе притисок како да бидат згодни засекогаш, мажите нонстоп ги наградуваме и им се радуваме што успеваат да постигнат стареењето да не значи истовремено и огрдување. На пример, бившиот сопруг на Анистон, Бред Пит има 56 години и константно е згоден, „буквално 30 години“. Се разбира, има едно логично објаснување како овие богати селебрити фаци изгледаат толку добро - богати се. Точка. Имаат и професионалци и пластични хирурзи на повик. Работа им е да изгледаат добро. Ако упорно сме шокирани што милионери успеваат да изгледаат „добро за годините“, што останува за ставот на општеството за обичните луѓе на возраст од 50 и 60 години?

Едно истражување од 2018-та открива дека во светот на онлајн состаноците, жените најмногу ги сакаат на возраст од околу 18, а мажите на 50. Возрасните мажи ги следат претпоставки за моќ, престиж и мудрост; кај жените (кои главно ја движат милионската индустрија за нега на кожа за некако да го одложат стареењето), да старееш значи да губиш на важност.

Сепак, ова можеби се менува во моментов. Како што ќе рече една поранешна уредничка во Базфид во еден твит, „можеби треба на жените над 40 да им даваме да прават повеќе работи.“

Стрејт културата ни е познато како се движи, но во квир културата, повозрасните жени одамна се ценат. Пресекот на Веновиот дијаграм меѓу геј мажи и жени се возрасните глумици, особено ако се опскурни и недоволно препознаени. И мажите и жените од геј заедницата многу почесто се во врска со луѓе постари од нив 5, 10 и 20 години, отколку хетеросексуалците.

Она што треба да го разбереме е дека Шакира, Џенифер Лопез, Џенифер Анистон и Бред Пит не се згодни „и покрај годините“, туку се згодни заради годините. Ванеса Фридман од Њујорк Тајмс за првите две рече:

„Овие жени, неверојатни во нивните светкави трикоа, докажаа дека да се облекуваш како што ти личи за годините станува безначаен афоризам. Ликот на Лопез во Хаслерс е исто така фасцинантен, барем отпрвин затоа што Рамона знае што прави. Знае како да ги ослободи мажите од пари; знае како да се облече во луксузни крзна; знае како да им покаже на младите жени да просперираат.“

Навредливо е кога некој ќе покаже шокираност што некој друг на 50 изгледа добро - дури и кога коментарот е со најдобра намера. Се чувствува една претпоставка дека обичните 50-годишници се исушени, збрчкани вреќи.

Попаметно е вака да почнеме, и да продолжиме засекогаш:

Никој на 50 не е во залез; овие жени се згодни до небо и туку што почнуваат.

5 февруари 2020 - 13:20