Дали се враќа конзервативниот Холивуд?

Пен Беџли побарал да не се претерува со секс-сцени во You, од обзир кон неговиот брак. А веќе кога неретко ваквите сцени се ради-реда ставени во приказната, се поставува прашањето: Има ли воопшто потреба од нив?

Во неговиот подкаст, Беџли кажува дека има желба да се оттргне од она што го опишува како интимни сцени, велејќи дека верноста во секоја врска, особено во неговиот брак му е важна. Токму поради тие сцени и се мислел да ја одбие улогата во „Ти“. Денешното расположение налага никој да не ги суди и оспорува нештата кои на еден актер не му се пријатни, но сепак, се поставува прашањето дали овој дискурс доаѓа со енергија на конзервативно морализирање кое веќе владее на Твитер, заедно со третманот на сексот на платно како нешто перверзно или навредливо.

Од i-d.vice коментираат дека е лесно е да се каже дека ако на некој не му се гледа секс на ТВ, може слободно да си пушти нешто друго. Но, таа желба да се ретушираат секс-сцените од нешто што си избрал да го гледаш е игнорирање на начините на кои сексот на филм може да биде важен начин на истражување одредени теми.

Ако сме реални, сексот на тв никаде не оди и никогаш нема да го снема, освен ако пуританската американска публика не се извампири да го забрани до даска. Можеби и тука лежи загриженоста на некои, па како пример се наведува Марвел универзумот, каде што се кокетира со идејата дека трапавите обиди за флертување на Брус Банер и Наташа Романов се гледаат како некое табу, прегадно за мејнстрим публика. Резултатот од тоа е серија конекции кои стануваат сè почедни.

Проблемот што се најавува е што односот на сè понесексуална кинематографија и публиката што сè повеќе има можност да влијае на тоа што сака да го гледа за притоа никако да не им биде неудобно, значи дека публиката - без разлика дали го разбира тоа или не - станува сè поконзервативна на начин што има мрачен историски контекст.

Една од дефинирачките квалитети на холивудските филмови од 20-от век беше Хејс кодот, наречен така поради неговиот архитект - Вил Х. Хејс. Кодот беше водилка за она што филмовите требаше да го почитуваат за да добијат дистрибуција од 1934 до 1954 - никако голотија (ни во силуета); свештенството не смее да се исмева (други религии не беа забранети за исмевање) и никако меѓурасни врски.

Можеби е претерување да се каже дека новиот дискусрс, со проблематичноста на секс-сцените е враќање кон тој Холивуд, но сепак треба да се размисли колку стануваат конзервативни новите гледачи. Претерано се поедноставува поентата на покажувањето на тела и страст на екран. Опсесијата со заплетот е друг проблем - дека сѐ што се случува во филмот е таму за да ги тера настаните напред. Но, ова ги игнорира многуте други детали што ги прават филмовите интересни - теми и идеи, животите на ликовите.

И на крај, она што загрижува е дека реакцијата за секс на платно станува сѐ построга и поинтензивна. Не дека има причина да се верува дека Холивуд повторно би се вратил на Хејс кодот, но идејата опасно конзервативни идеи да се маскираат во прогресивни заради безбедноста на публиката е сепак пресериозна за игнорирање.

20 февруари 2023 - 13:15