„Да седиш со нив на маса“ не е решение за родовата еднаквост

Жените и девојчињата се условуваат да веруваат дека успехот значи да седиш на масата каде што се носат одлуки, да имаш столче таму. Лили Синг смета дека треба да направиме подобра маса.

Синг е креаторка, актерка и авторка и во нејзиното обраќање на ТЕД, анализирајќи ја сопствената кариера од просперитетен Јутјубер до водителка на вечерно шоу, нуди четири начини да се изгради поинклузивно општество каде што девојчињата се охрабруваат да прават големи работи.

9 март 2023 - 00:00