Минатата недела, Пума објави дека ќе го обнови дружењето со Фенти, со многу директна изјава:
She's back.
Соработката инаку почна во 2014, кога Ријана се појави како глобален амбасадор и креативен директор. Како дел од повеќегодишниот договор, почна да пушта производи, кои подоцна прераснаа во цели колекции чевли и облека со премиери во Њујорк и Париз. Последна Фенти х Пума колекција имаше во 2018.
Самата кратка реклама на Пума укажува на тоа дека немаме други детали - нема датум за лансирање, нема тајмлајн, нема дури ни тизер, ако не се смета скромната реченица.
Ама некако, ко да се знае дека ќе биде добро. Затоа што, видете ги старите парчиња: