Ја знаете Ли Краснер?

Жалното е што повеќето луѓе ќе кажат не. Тие малку поупатените ќе кажат „жена му на Џексон Полок“. Тие што се и упатени и фер ќе кажат „водечкото име во апстрактниот експресионизам“.

За разлика од други мажи низ историјата, Полок никогаш не се обидел да се потпише под дело на жена му, но нема сомнеж дека паднала во неговата тешка сенка.

А нејзините дела се еднакво револуционерни и брилијантни како неговите.

„Автопортрет“

Краснер го запознава Полок кога двајцата стануваат основачи на Американски апстрактни уметници во 1936. Како што растела славата на Полок, задачата за менаџирање на неговата кариера паднала на грбот на Краснер и нејзината уметност останува на клупа. Не успева да дојде до израз до смртта на Полок, кога феминистичкото движење во ‘60-те и ‘70-те почнува да ги истакнува нејзините дела.

Полок е познато име во светот на современата уметност, а Краснер - па, проценете сами.

Но, сепак:

Ли Краснер: Со свои зборови:

 

8 март 2023 - 00:02