Џим Вотсон и Френсис Крик имаат добиено Нобелова награда за откритието дека ДНК има форма на спирални скали, но тој код не би можеле да го кракнат без делото на Розалинд Френклин.
Френклин има придонесено на два огромни начини. Прво, помогнала да се направи фотографија од ДНК (позната како Фото 51), појасно од било која фотографија од ДНК дотогаш направена. Второ, ги има забележано дистанците меѓу повторувачките компоненти на ДНК-молекулот. Без воопшто да ја прашаат дали смеат да ги искористат нејзините податоци, Вотсон и Крик дошле до нејзин извештај во кој ги имало бројките што им биле потребни за да ја направат последната пресметка.
Како и со многу жени во машки професии, нејзиното „мажествено“ однесување одбивало многумина: „Нејзиното однесување беше остро и на моменти конфликтно - на луѓето им беше непријатно кога зборуваше со нив и како да не го сфаќаше тоа.“
Има дебата колку било етички тоа што Вотсон и Крик ги искористиле нејзините податоци. Таа ги немала објавено мерките во јавност, но сепак, не ги ни држела во тајност.
За жал, Френклин умира од рак на 38-годишна возраст, пред да се додели наградата (а Нобел не се дава постхумно). Вотсон и Крик стануваат познати, а важниот придонес на Френклин се заборава.
Сега знаете.