Ела Квитнер од Д Кат има асистент.
Џејмс Бернстин е њујоршки студент, бубалица, го ангажирала на почетокот на годинава. Тој се јавил директно кај организаторите на шоуто, прескокнувајќи ја листата на чекање на сајтот. Успеал да најде три карти. Често знаел да биде така корисен. Еднаш на Квитнер ѝ кажал дека научил да се занесува од мајка му, која била продуцентка на 60 минути. Ако има тајна мејл-адрса или ВИП телефонски број, Џејмс Беренстин има да ги најде. Не се плаши да побара сè што му треба.
Исто така е 100% измислен.
Квитнер го создава Џејмс како експеримент за да тестира една теза што ѝ беше нафрлена од алгоритамот на ТикТок: Лажен личен асистент ќе те однесе поблиску до целта. Базичниот принцип е да се сигнализира дека си доволно важен за да најмиш цела една посебна личност да ти ги надгледува активностите и дека тоа ќе ги охрабри публицистите и хостесите во ресторани да поверуваат во митот за тебе. Екстернализирање на егото.
Не е ни единствена - Ејми Ландино ја има најмено (читај: измислено) нејзината асистентка Оливија во 2011. Оливија се грижела за распоредот и бизнисот на Ландино. Ако пропушти состанок, таман ѝ се наоѓа да ја обвини.
„Да имаш ваков бафер ти овозможува посамоуверено да се движиш низ сопственото време.“ Користејќи ја Оливија за преговарање, Ландино вели дека некогаш успева да натера клиент да плати двојно повеќе од првичната понуда.
Некои ТикТокери успеваат со лажните асистенти да направат и лажни преписки, па со тоа да добијат што сакаат.
Бестселинг авторката и подкаст водителка Дејна Шварц не бара ни резервации, ни карти - едноставно понижувачки ѝ е да бара разумни работи што ѝ се потребни. Прв пат се јавила како свој асистент во 2021, да праша дали од хотелот ќе и донесат шампањ и балони за роденденот на маж ѝ.
„Имам многу трема кога треба да побарам нешто, секогаш,“ вели таа. „Асистентот од друга страна може да биде очаен. Може да биде упорен.“
Во моментов, Шварц преку „асистент“ организира моминска забава за 15 гостинки.
Пораката што се праќа кога некој „може да си дозволи асистент“ е порака на моќ и ниво на заштита, а резултатот - па, може нема сè да добиеш, ама тоа што ќе го добиеш, ќе ти дојде многу полесно отколку „сам“ да се мачиш.