И Дру Баримор го брани Хју Грант

Едни мислеа дека бил незгоден со Ешли Греам, други дека едноставно бил Британец. Ние мислиме дека и онака Хју Грант никогаш не пробал да нè убедува дека е фин дечко.

Го бранеа и други што се пронајдоа во неговото отсуство на ентузијазам, или причината ја бараа во културолошките разлики меѓу САД и Кралството. Дури и Вашингтон Пост имаше наслов „Дали Хју Грант е некултурен, или едноставно Британец?“

Дру Баримор која со Грант играше во 2007 во филмот „Музика и текст“ имаше своја интерпретација: Едноставно мрчел како и секогаш.

„Се врти една ситуација со него и Ешли Греам на црвениот тепих. Луѓето велат, леле колку е мрачен, а таа е толку вознемирена,“ рече Баримор на нејзиното шоу во петокот. „Сакам да кажам, не, тоа е само Хју Грант. Мислиш дека ќе добиеш шармантна филмска ѕвезда, а добиваш Хју што мрчи. И потоа се вљубуваш во тој Хју што мрчи.“

Во однос на неговиот коментар дека таа има „ужасен пејачки глас“, се смее и коментира дека „така тој кажува дека те сака“.

Очигледно е така, со оглед на тоа што нејзините изјави се вакви, а во 2009, на прашање од Ел Магазин да каже нешто за некоја од колешките, Грант одговори со:

„Дру Баримор. Ја расплакав. Прекрасно лице на филмска ѕвезда. Ме мрази.“ 

20 март 2023 - 21:58