Девојката што на Јутјуб и ТикТок се потпишува како Елбат, за себе вели дека мода разбира до степен да знае физички да стави облека на себе. На ТикТок се обидела да направи серијал во кој што „станува fashion girl“, ама се мачи.
Природниот тек на настаните е оваа одлична, современа, видео-семинарска.
Ги контактира и професионалниот и не-толку-професионалниот стилист, и првиот во старт се покажува потемелен - веднаш добива Гугл формулар со податоци што треба да ги пополни.
Им дава буџет од 5000 фунти (не да го потрошат, туку да предложат комбинации во рамки на таа сума).
Поевтиниот е од Фајвер и чекајте да го видите она хот-пинк фустанче со селско ташниче што ќе ѝ го предложи.
Тој за 200?
Па, некако не ни е јасно зошто некој би платил 200 долари за решенија од кои го дели само едно пребарување на Пинтерест. Особено за тие решенија (ок, некои беа во ред).
Супер експеримент е: