Може ли човек да си ја засака работата со поставување на „анти-цели“?

За справување со општата досада на работа, од секојдневие до идеали, Селена Резвани, која работи како мотивациски говорник (трпение), предлага одново обмислување на начинот на кој си поставуваме кариерни цели. И излегува дека досега сѐ наопаку сме правеле.

За волја на вистината, нив ако ги прашаш, сè нешто правиме наопаку. Ама да видиме дали овој метод ќе прави бар малку поведро да се разбудиш и да се спремаш за работа.

Нормално, почнува од ТикТок: Таму Резвани го споделува концептот на anti-goals, или делови од работата што најмногу нè цедат и нè обесхрабруваат.

Прво, ова помага да се справиме со дупките во духот што ни ги создава работата - ден полн состаноци за едни, или соло-проект за други. Пристапот нуди „јасност во однос на кариерата што најмногу ја вреднуваш,“ како што објаснува Резвани. Да си поставиш анти-цели помага да се препознаат фрустрирачките шеми во кои запаѓаме, и бидејќи сè се сведува на тоа дека сами раководиме со сопствените размислувања, ако нешто не е во ред, од нас зависи „реновирањето“. И според Резвани, ова помага да се набилда енергијата и самодовербата. На пример, таа лично вели дека не можела да поднесе што мора да седи на биро цело време.

„Тоа првично грдо чувство ми помогна да одлучам дека ќе ставам биро со трака за одење во подрум и таму среќно пишував цела година.“

Или, други примери:

Анти-цел: Неможност да изнајдеш време за длабокото работење што всушност ти дава енергија.
Решение: Одредување специјални денови за состаноци, а резервирање други само за непрекината работа.

Анти-цел: Чувство на немотивираност од здодевна домашна канцеларија.
Решение: Конструирање работен простор што ти ги рефлектира интересите и ти дава енергија. Да речеме, топка за пилатес место столче, растенија на биро, слично.

Анти-цел: Опсесивно дремење на социјални мрежи за викенд.
Решение: Временски ограничувања на апликациите или одлогирање од сите профили во петок во 5 попладне.

Анти-цел: Повторување на истите задачи секој ден во еден убитачен, уништувачки ритам.
Решение: Менување на задачите според приоритет и контраст.

Анти-цел: Притисок да одговориш на барања за работа доцна навечер.
Решение: Гасење нотификации, или воспоставување do not disturb саати.

Во случај да не ве оправаат 12 топки за пилатес и 17 кактуси на биро, секогаш може да се побара нешто ново. Ама тоа е веќе друга тема.

28 март 2023 - 00:00