Волшебната формула за брилијантни разговори

За разговорот да тече совршено, соодносот зборување-слушање треба да биде 43-57.

Ако ги слушате другите, придонесувате кон многу подобри разговори - луѓето ќе бидат позадоволни и почесто ќе ве бараат, а ако сакате да извлечете нешто, работете според правилото 43-57. Секогаш повеќе треба да се слуша кога се зборува со некого, ако сакаш да биде на твоја страна. Но, за многумина, слушањето е тешка работа. Среќа, па има можност да се подобрува.

Фино ни е кога зборуваме за себе - една студија покажува дека некои луѓе ова ги расположува на ниво слично на секс, кокаин и добра храна. Сепак, иако може да е добро за нас, за соговорникот баш и не мора да значи.

Факт е дека добрите разговори се како подавање со топка - кога ја држиме топката предолго, партнерот се чувствува несакан и неценет. Кога слушаме некој друг, дозволуваме да се справи со што и да е тоа што го мачи. На овој начин, се градат многу подлабоки врски и се постигнува многу поголемо задоволство.

Како се постигнува правилото 43:57?

1. Нека има тишина. Разговорот се развива во тишините, на истиот начин на кои зборовите напишани добиваат смисла со просторите меѓу нив. Тишината ги инкубира нашите идеи и катализира дискусија. Дозволете луѓето да кажат повеќе. Ако некој престанал да зборува, не значи дека престанал да комуницира.

2. Прашувајте. Не бидете напорни, туку органски реагирајте на свиоците на разговорот. Побарајте повеќе информации за нешто што ве интересира; вратете се на претходен збор или фраза за да ги истражите деталите зад некоја полу-приказна. Тешко е да се набилда оваа вештина, но со вежбање станува полесно.

3. Бидете емпатични. Лесно е да се фокусираш на себе за време на разговорот. Си мислиме, „Што сака да му кажам на ова?“ или „Како ќе звучи ако прашам?“. Но кога мислиме на себе, го пропуштаме разговорот. Ставете се во кожата на соговорникот и реагирајте на неговата мотивација да зборува.

Се вели дека од секого може да се научи нешто - кога слушаме што зборуваат другите, кога читаме и учиме од светот, неминовно стануваме подобри. Според професорот по филозофија од Оксфорд, Џони Томсон, слушање на она што другите го научиле, или учење од нивната мудрост е подобро (и поевтино) од било кој универзитет или школо.

Или, според Епиктет, „Природата ни дала еден јазик, но две уши за да можеме да слушаме два пати повеќе отколку што зборуваме.“

14 март 2023 - 00:00