Првата вештерка во Норвешка

Сте виделе норвешки затвор? Е па, таков концепт имале и за инквизиција. После се расипале.

Аудфин Сигурдсон бил бискуп на Берген, Норвешка од 1314 до 1330. Од 11 до 16 век, католичката црква во Берген држела неколку окрузи и била одговорна за промовирање на религијата во целата област.

Во 1324, бискупот Сигурдсон ја обвинува Рагнхилд Трегегас дека е вештерка - дека си ја продала душата на ѓаволот, изведувала магични ритуали и извршила прељуба со нејзин машки роднина.

На неговата свадба, Рагнхилд ветила дека „гениталиите на роднината нема да обезбедат деца.“ Ставила и пет векни леб (да ја засили клетвата) и пет зрна грашок (да ја наруши репродуктивната способност на роднината) во креветот на младенците. Ставила и меч во близина за да создаде конфликт. Потоа, се сокрила во спалната и гласно кажала клетва за да заврши бракот.

Исто така, најверојатно ја имаат присилено да ги каже сите овие работи, и тоа Сигурдсон лично. И на јверојатно била богата, затоа што токму тој се бавел со нејзиното обвинение.

И додека во Европа се расфрлаат со шпански чизми, стаорци врзани за стомак и гмечење палци, Сигурдсон ја осудува Трегегас на пост и седум години аџилак до свети места надвор од Норвешка.

Ова до ден денес е единственото вештерско судење во средниот век во Норвешка, 250 години пред да дојде модата.

24 март 2023 - 00:00