8 модни правила за сечиј стил и секоја сезона

Жустин Леконт (ја имавме со врвниот концепт за модна капсула) споделува осум модни правила кои нема да ви го оштетат буџетот, а и тоа како ќе влијаат на целокупниот изглед.

Прво, се фокусираме на висококвалитетни основни парчиња. Обично, луѓето се фокусираат на „стејтмент“ парчиња, нешто што при прва појава би требало да те направи модна икона, ама реално, колку пати тоа се облекува? Основните парчиња облека се она што најчесто го ставаме на себе, па логично е да се вложи во добра бела маица или кошула, добри фармерки и добри патики.

Понатаму, нека биде безвременско наместо тренди. Не паѓајте во несвест по моментален тренд, особено ако е прескапо.

Трето, нека има боја. Лесно е да се задржиш на две-три основни бои, лесни се за комбинирање. Леконт вели дека секогаш треба да бараме начини да ја „подигнеме“ класичната комбинација кон која секогаш гравитираме.

Четврто, текстура.

Петто, мешање различни стилови (кога е прелесно да се очекува, станува здодевно).

Шесто, слоеви и пропорции.

Седмо, добро скроено (...е секогаш подобро од рандом крој).

И на крај, чувајте ја облеката. Не се пере се со истиот детергент, некои парчиња сакаат закачалка, некои фиоки, некои уште поспецијално чување.

15 март 2023 - 00:00