Богатите жени од Грција и Рим редовно користеле козметика, а се научиле од старите Египќани. Во средниот век, традицијата продолжила само кај благородниците, бидејќи пониските класи не можеле да си дозволат такви луксузи. И да не заборавиме - црквата во средниот век внимателно набљудувала сè, па и навиките за шминка (црквата нели, отсекогаш во тоа се разбирала).
Да се шминка лицето се сметало дека го доведува до прашање божјото дело и визија и во тој период „жена што носи шминка била гледана како инкарнација на Ѓаволот“. Козметика користеле само во бордели.
Среќа наша па, на Тома Аквински му текнало дека можеби ѝ е и паметно на жената да се труди да изгледа што е можно поубаво.
Заради себе? Таман работа. Да му изгледа поубаво на мажот за да не врши прељуба. Само да не претерува, затоа што па, тешко на таа жена што ќе претера и ќе се дотера до степен да им стане привлечна на други мажи.
Знаеме кај води тоа.