Ако веднаш и себеси не се убие, тогаш другите мажи - полицајци - одат по него, во лов. Истите тие полицајци што не реагираат на пријави на машко насилство, или отворено им се потсмеваат на жртвите, или застануваат на страна на насилникот кога ќе излезат на терен, или и самите се насилници - они тргаат, со своето оружје, да го уапсат или да го убијат другиот маж. Луѓето им пишуваат браво полиција. Луѓето велат, браво, херои наши; жената и во својата смрт игра споредна улога.