Што фали на чевли во различна боја?

Не по една од два различни пара, туку така треба. И ако не нѐ потсети Сара Џесика Паркер, сами нема да ни текне.

СЏП се појави Fall Fashion Gala во Линколн центарот во Њујорк, облечена како за во серијата - фустан од Каролина Херера и - различни сандали. Една розева, една црна.

И не е прв пат - и за ликот на Кери Бредшо го има направено тоа - со циклама и сино, во епизодата „Бегство од Њујорк“, кога одат во Лос Анџелес (или со Метју Меконахи, или со Винс Вон епизодата).

Конкретно тогаш, со костимографката Патриша Филд не можеле да се одлучат која стои поубаво, па решиле да стават по една од двете.

И уште еднаш, тука, не како КБ, туку како СЏП:

„Имавме два пара, мислам Лобутан, сандали со ремчиња. Решивме по една од секој. Можеби затоа што и двата пара беа таква прекрасна боја и беа во хармонија со фустанот, но сепак, многу ни се допадна да биде по една од двата пара. Се надевам дека е ова задоволителен одговор.“

И решение е, за следниот пат кога нема да можете да се одлучите кои да ги купите.

9 октомври 2023 - 00:00