Балетанките сакаат да се вратат, ама не им давајте

Ортопедите не ги сакаат и има многу добра причина.

Неколку години во блиското минато, каде и да се свртиш имаше балетанки. Беа изговор да не носиш штикли, а пак да изгледаш официјално. Патиките, нивниот камбек на голема врата и нивното влегување во дотерувачките комбинации го утепаа тоа - затоа е и малку чудно што мајка бараат балетанки оваа сезона.

Сепак проблемот со балетанките не е само во нивниот глуп изглед. Балетанките се едноставно - рамни и проблематично флексибилни. Ортопоредите сметаат дека ретко нудат поддршка на рисот, а тоа води до чести проблеми со стапалото како плантарен фасциитис - што е воспаление на долниот дел од стапалото и ткивото на петицата. Можат и да влошат проблеми со рамни стапала.

Балетанките имаат минимална амортизација и контрола на задниот дел од стапалото и можат да доведат и до фрактури од напор, плускавци и тендонитис. Кај прстите се обли и тесни, што пак ги притиска едни во други и води до здрвување и задебелени нокти. А луѓето кога се фаќаат за балетанки, не мислат на овие проблеми, напротив - балетанките им се лесни за вадење и облекување, полесни од чизми секако, пофини за одење од штикли и подотерувачки од патики. Не сфаќаат дека ако има убава балетанка на светов, никој не ја видел.

Препораките се сепак да се фокусирате на чевли што даваат подобра поддршка.

  • Да се широки кај прстите за да можат да мрдаат
  • Штикла што ќе го поткрене сводот и ќе ја намали тензијата
  • Меки и удобни материјали кои прават чевелот полесно да се рашири според ногата.

А ако сте запнале, експертите велат да не ви преоѓа во навика - носете ги само понекогаш

16 октомври 2023 - 12:25