Интернетот се опседна со филтерот за стареење

Виралниот филтер за стареење на ТикТок предизвикува мешани реакции онлајн - некои се препаднати од тоа каква физичка старост ги чека, некои сосема ја прифаќаат.

Филтерот ги продлабочува брчките и прави лицето да ти виси, ги истенчува усните и додава хиперпигментација. Неговиот хиперреализам ги стави зумерите и миленијалците пред соочување со стравот од неизбежниот процес на стареење во култура која убавината ја поврзува со младешки изглед.

Во видео со над 1,5 милиони лајкови, една корисничка вели дека ја појачала рутината за нега на кожа после филтерот - со кадри од неа како полудено се мие и додава производи на лицето, за на крај да помине со ролер со мраз и гуа ша режим. Други тврдат дека веднаш купиле ретинол, уште на денот кога го пробале филтерот, а трети реагираат со напластување средства за заштита од сонце.

Имаше и обиди да се провери точноста, со ставање слики од веќе остарени славни личности кога биле млади. На некои е скроз точно.

Но неколку вирални погледи на трендот се фокусирани на прифаќање на староста. Како на пример една тиктокерка со над 2,3 милиони лајкови што за себе вели дека е како „забавната тетка што кажува мрсни вицеви и ти дава уште некое колаче кога мајка ти не гледа“. Некои едвај чекаат да се запознаат со постарите верзии од себеси, а некои наоѓаат утеха во тоа што во своето остарено лице си ги гледаат родителите или бабите и дедовците.

И на крај, трендот предизвикува уште една, непријатна дискусија - има актерка и режисерка на ТикТок која има Елерс-Данлос синдром (наследна состојба која влијае на сврзните ткива) што сака да ја потсети својата публика дека стареењето е сепак - привилегија.

„Како човек на кој му е кажано дека нема да доживее 30, филтеров ме погоди,“ вели таа.

Затоа, среќно стареење.

16 октомври 2023 - 12:15