Продукциската компанија зад себе ги има „Идол“ и „Еуфорија“, а серија за оригиналната инфлуенсерка сигурно нема да помине незабележано. Сто посто можеме да го очекуваме гламурозниот дел на почетокот на милениумот, забави, агресивни блицеви, но според и-Д, сите што ги имаат прочитано мемоарите, знаат дека ќе има и сериозност во приказната.
Го покрива периодот од 1919, кога нејзиниот прадедо по татко го има отворено првиот Хилтон хотел кој пак семејството ќе го претвори во една од најбогатите фамилии во Америка - сè до 2022, месеци пред да ѝ се роди првото дете. Поголемиот дел од мемоарите раскажува за Парис како тинејџерка што се забавува со најдобрата другарка (Никол Ричи) и ја бркаат од многу престижни средни школи. До тој степен што, на 16 ја „киднапирале“ во сред ноќ и ја однеле во интернат за „емотивно проблематични тинејџери“.
„Со години луѓето се обидуваа да ја раскажат мојата приказна наместо мене. Никогаш не ја погодија. Вистината е дека моите искуства се комплексни и повеќеслојни и никој не може да ги опфати освен јас,“ рече Парис во твит кога излезе книгата.
Во школото Прово Кањон, Парис и другите ученици постојано биле ментално и физички малтретирани од вработените, биле принудени да седат во самица и со сила да примаат апчиња. После многу неуспешни обиди да избега од школото и сите поврзани институции после тоа, Парис матурира и создава нов лик и нов живот за себе за да се справи со траумата. Се мачи да им верува на луѓето околу неа и се повлекува подлабоко во откачениот, женскаст лик, инспириран од Мерилин Монро со кој светот се опседна, користејќи го како штит против вистинскиот свет и вистинската Парис.
Книгата е полна со трачеви за славни, го има и моментот кога се воспоставува нејзиниот it-girl статус и протекувањето на секс-видеото, хит-шоуто „Прост живот“ и се разбира, легендарните прослави на 21-от роденден ширум светот.
За сега, може да се шпекулира што ќе биде вклучено. Сценаристи сѐ уште нема, не се знае кој ќе ја игра Парис (можеби Ел и Дакота ќе бидат сестрите Хилтон, кога се веќе продуцентки?), можно е да ги има Бритни Спирс, Никол Ричи и Линдзи Лохан.
Со оглед на тоа во која фаза е, веројатно може да се очекува во 2025.