Во втората сезона на „Ти“, беше новата симпатија на манијакот Џо Голдберг, ама за тие што не гледале, нема да зборуваме за крајот на сезоната. Глуми и во трета, па малку и во четврта сезона, но ако не ја знаете од таму, тогаш можеби од „Духовите на куќата Хил“ или „Духовите на куќата Блај“.
Од Филаделфија е, има 28 години и во една прилика има кажано дека ѝ било многу тешко во школо. Освен глумата - се вљубила откако не ѝ останала друга занимација, и откако почнале да ѝ приоѓаат луѓе да ѝ кажат дека ја бива.
Се има појавено и како Лулу во „Си беше еднаш во Холивуд“, „Ширли“ (со Елизабет Мос). За разликата во улогите на Лулу и Лав (во „Ти“) вели:
„Додека ми ја објаснуваа Лав, кога се сретнав со авторите, си реков, не знам дали ми се игра истиот лик повторно. И како објаснуваа понатаму, ми стана јасно дека ова се речиси сосема спротивни ликови. Тоа беше прекрасна прогресија. Да можеш да ги истражиш истите искуства, со индивидуи што реагираат различно.“
Во моментов е во врска со Дилан Арнолд (го игра Тео во „Ти“), но веројатно се нормални, па не ја споделуваат врската толку многу со јавноста.
Има Инстаграм, ама редовно брише постови и почнува од ново.
Следно ќе ја има во филм на Ава Дуверни со наслов „Каста“, базиран на нефикција на Изабел Вилкерсон.
Во „Ти“ е забавна, ама ние ќе препорачаме да ја видите како Нел во The Haunting of Hill House. Неверојатно е дека ѝ е прва професионална улога.