Обично, поканетите на настаните за време на Париската модна недела со часови се спремаат со професионални мејкап-артисти и фризери, за да бидат спремни од секој агол кога ќе пристигнат папараците.
Памела Андерсон дојде без шминка, блесната од рутината за лице што ја има (со Орведа), лицето намерно нема никакви пигменти, а косата ѝ е исушена без фен. Има малку маскара можеби.
На Вог Франс им објаснува дека е „слобода, олеснување“. Дека подраго ѝ е да се шета во Париз и да ги истражува градот и градините, отколку да седи со часови во хотелска соба и да се разубавува. На Инстаграм заедно со фотографиите напиша „авантура во Париз, со свеж поглед“ и плус „има убавина во прифаќањето на себе, несовршеноста и љубовта“.
И наместо „стареење“ сака да го користи зборот „живеење“.
Дури и стилот на облекување го има променето - сега со темни, монохроматски комбинации, подискретни од тоа што го имаме навикнато, во линија со трендот на тивок луксуз.
Како контра на ова (не дека има потреба од контра, жената сака да пие кафе во Париз, наместо да се шминка и готово) можно е на неа да се однесуваше она „Научете се да се шминкате“ што го напукна интернетот на некоја минута минатата недела.