Sharenting влегува во современиот лексикон некаде после 2010 и се однесува на родители што споделуваат приказни, слики или видеа од нивните деца на социјалните мрежи. Ова опфаќа низа однесувања, од инфлуенсери кои го монетизираат секојдневието со нивните деца, до родители што објавуваат за достигнувања на децата со нивните роднини и пријатели, до родителски мислења во кои нивните деца остануваат анонимни.
Ова главно се должи на чувството на поврзаност што го предизвикува споделувањето, плус психолошките награди од кои сѐ повеќе луѓе (не само родителите) зависат. Добиваш лајкови, прегледи, допамин, па го бркаш тоа.
Негативната страна е што sharenting-от знае да предизвика и негативни реакции. Особено ако објавите станат вирални, па ќе се намножат луѓе што не ве познаваат и ќе добиете тон непријатни коментари. Уште еден минус е културата на споредби и споредувањето на нашиот живот со оној на другите родители. Освен тоа, снимка од дете како танцува, веќе не е само за најблиското семејство - сега публиката е цел свет. Вам може ви е слатко, ама на детето може му е нарушување на приватноста.
И покрај ризиците, луѓето се социјални суштества што сакаат да се поврзат. Предизвикот лежи во тоа како да се поврзеш, а притоа да го почитуваш правото на приватност на твоето дете.
Експертите охрабруваат да се прави тоа на паметен начин - профилот треба да ви биде приватен, социјалниот круг помал, да се размислува што се објавува и да се бара дозвола од децата, на начин кој возраста го дозволува.
И на крај, да се обрне внимание дали повеќе време се поминува во опишување на родителското исксутво, наместо реално да се живее родителското искуство.