Постои ли начин некако да не звучи клише дека е овде споено најдоброто од музиката со најдоброто од телевизија? Некој измонтирал кадри од сите седум сезони на „Игра на тронови“ до сега, и ги појачал со музика од Bohemian Rhapsody, и текст преполн со спојлери, така што, ако не сте во тек, ич, ама ич не отварајте. Ама ако сте до седма сезона, четврта епизода, тогаш може.
Помина периодот во кој што некој требаше да каже „а бе, трол е ова“, што значи дека светот сериозно го има снајдено „Ta-ta Towel“, слободно преведено во „Крпа за цицки“. Не само што е производот глуп, туку и рекламата те тера на секој 4 секунди да се прашуваш „НО, ЗОШТО?“
Ако ви се зема потрошувачки кредит, овде има 5 десерти од различни делови на светот чии што цени имаат по 4 цифри. Ако влеземе во конкуренција, што ќе правиме? Индијанка од 60.000 денари?
„Сакај се себеси, освен ако немаш подобра идеја.“ Вака од прилика би можеле да се сумираат двете ипол минути подоле со Ешли Греам, „дебелата“ манекенка што добива коментари од типот „доста се трудиш да направиш дебелото да изгледа супер, ќе убиеш некого.“ А многу е блиску до совршена жена - не знае само да готви.
Уште од лани по интернет има совети од битни ликови во свадбената индустрија за тоа што треба да се престане да се прави. На англиски. Затоа што по Америка се претерало со теглите, машните од коноп, едно те исто осветлување од новогодишни сијалички, домишљати ознаки на масите за гости и слично. А кај нас? Камо да имавме повеќе глупи тегли, ние сме уште кај бутањето врата.
Последен пат слушавме што ќе одговори Сара Џесика Паркер, овој пат, влегуваме на работа кај Ана Винтур (веројатно единствен начин да ѝ влеземе во канцеларија), и го пратиме новинарот како трепери гласот додека прашува дали е добро облечен.
На филм тоа изгледа многу забавно. Мењаш еден прејак стан за друг уште подобар, па тоа брзи кадри, ведри бои, паѓање меѓу кутии, кикотење, Бени Хил движења, па пробување фустани, фрлање, пиење шампањ. Во приватен живот, тоа малку потешко.
2017-та. Луѓе што имаат сериозни проблеми со глутен никако да бидат сфатени сериозно, заради една друга сорта на луѓе што алергијата на глутен (и други алергии на храна) ги сметаат за статусен симбол. Демек, алергијата на глутен одлично одговара со чокерот, скинатите фармерки и косата како виножито. Односно мода. Сфаќаме ли колку е тоа глупо? Они изгледа не.
Македонците многу се лутат на stories алатката на Инстаграм, што е од скоро и на Фејсбук. Дури и по свет почнаа твитови и постови како „отварам фрижидер, глеам stories“, ама зошто тој бунт? Питер Мекинон и другар му што им има влезено длабоко во штос на Инста-приказните ќе ви објаснат како да не бидете мргуди и да почнете да се забављате со нив.
Пред деверушите да влезат во една од најскапите индустрии на денешницата, биле само едно практично решение. Во антички Рим, не било на пример срамота да облечеш бело (божем не ја почитуваш невестата). Напротив, деверушите ги облекувале исто како неа, рачунајќи дека ако дојдат зли духови, ќе бидат толку глупи што нема да ја „земат“ невестата, туку некоја од другарките.
Џули Бурчил лани ја прочитала книгата на Марина Абрамовиќ и во еден осврт на ова самобендисано дело, на оваа самобендисана авторка, мирно, остро и прекрасно цинично ни се провикнува, „луѓе бе па, па царот е многу, многу гол“.
Потресна приказна за едно семејство погодено од трагедија. На преглед докторите откриваат дека ќерката на двајца обични луѓе има заглавено со состојба што можеби ќе ја прати цел живот. И не е изолирано само на тоа. Погодено ќе биде целото семејство - она веројатно никогаш нема веќе да купи поклон - туку ќе го прави. А опасноста постои и ако физички се отстрани проблемот - семејството може засекогаш да биде заглавено со нејзините автобиографски раскази.
Кога еден измислен свет е густо населен од уникатни и специфични ликови, тешко можеш да ги натераш фановите да се закачат за сите поединечно. А ликови од Игра на тронови за кои што незаинтересираноста може да се сече со нож се Песочните змии, вонбрачните ќерки на Оберин Мартел од Дорн и баш една од нив објаснува зошто.
Ви текнува на Гламстик? За тие што не знаат, Гламстик беше форум за женски ствари, што врвот го достигна кога млади, неупатени девојчиња (и по некој глуп сељак) си делеа совети од кои што апсолутно очигледно беше дека со никој, ама баш со никој стручен не разговарале. И бисери - колку сакаш.
Секој ден имаме по некој несреќен доказ дека е можно да живееш во 2017-та, при жив интернет, а да бидеш многу, многу неинформиран и глуп. Една девојка на reddit почнува еден муабет, што непријатно укажува на тоа дека дури и да си женско – можеш апсолутно врска да немаш како функционира женското тело.
Океј, може ги немаме ние, затоа што допрва треба да се истражи дали Пат Мекграт испорачува до Македонија, ама многу е можно потрагата по совршениот мат кармин во било која боја што ви одговара да завршува тука.
Како знаеме дека на одредено модно парче му поминува модата? Во 2017-та каде што сè проаѓа, тешко можеш да бидеш судија за тоа, без да бидеш арогантен и самобендисан. Има една книга што се вика „Јазикот на облеката“, од Алисон Лури, каде што за трендовите има една специфична категоризација.