Човек ќе помисли дека е тешко да се надминат ревиите на Лагерфелд, ама па, да не забораваме дека оваа индустрија е полна со генијалци. Соработката на Гучи со Монреал доаѓа после неговото учество во проектот #GucciGram, - помагаше да се „гучизираме” за Cruise 2018, и трансформираше ѕидови во Њујорк и Милано за Гучи Блум. Со сценографија како позајмена од сон, сликите го охрабруваат гледачот одново да го истражува визуелниот наратив на Алесандро Микеле.
„Создавањето е поетски чин,” забележува првата реченица на ревијата на Гучи сега во септември. „Тоа е еруптивен процес кој излегува од магнетско јадро, во кое живеат итности, духови и страсти. Вртлог во кој виталните сили откако ќе се заробат се конечно откриени.” Овие зборови не се понудени само како објаснување на самата сезона - тие всушност беа потсетник за тоа како Микеле ја изработи и ја усмери галаксијата на Гучи, притоа изјавувајќи дека за никого нема да се промени. Модата е индустрија со постојан апетит за ново и уште, и додека некои дизајнери ни носат радикални сезонски промени, Микеле не прави така, затоа што неговото креативно патување е врзано со еволуција, а не револуција.
Сезона по сезона, неговата далекусежна енциклопедија на референци и инспирации нè носи подлабоко во еден внимателно култивиран свет.
Колекцијата на Алесандро Микеле за пролет/лето 2018 нè кани да останеме длабоко во неговата имагинација и да се предадеме на неговата визија. Продолжувајќи го поетскиот чин на Микеле, Монреал додава сопствен митски универзум и впечатливи ликови на последниот микс од имагинации на Гучи, а резултатот е слики од „Утописка фантазија”. Гучи витези одат во потрага со помош на Гугл Мапс, манекенки седнати меѓу лијани како во „Where The Wild Roses Grow” на Кајли Миног и Ник Кејв (или едноставно, Офелија на Џон Еверет Миле), ангелчиња со пост-ит пораки и сфинговидни суштества со наочари за сонце. Сликите транспортираат во еден поинаков свет од нашиов обичен врзан со канцеларии и нови години.
-Стив Салтер, i-d.vice.com