Субверзивниот хаотичен и креативен свет на Вивиен Вествуд е инвентар на модната сцена откако таа почна да изработува облека во ’70-тите. Сега има 77 години, а нејзиното животно дело е тема на филм во продукција на Догвуф, дистрибуција со специјалност за критички прифатени модни документарци (претходно Бил Канингем, Диор и слично).
Филмот ќе ја опфати инспирацијата на Вествуд, заедно со активизмот и нејзината оставштина преку интервјуа со нејзините најблиски, како син ѝ, Џозеф Коре, со архивски снимки и понови бекстејџ фотографии. Ја покрива и врската на Вествуд со Малколм Мекларен, првиот менаџер на Секс Пистолс и нејзин партнер до 1983-та.
'Westwood: Punk, Icon, Activist’ прво ќе се прикажува на Санденс, на 20-ти јануари, и потоа ќе ја доживее конечно британската премиера на 23-ти март, 2018-та.
До тогаш, Вивиен Вествуд за феминизмот:
Феминистите сакаат жените да бидат како мажи. Жените не се мажи.
Мислам дека феминистите не се свесни за огромната улога на жените низ историјата.
Плус, за културата:
Немам простор да навлегувам во примери за историјата на ова што ќе го кажам, па само храбро ќе изјавам дека културата е истребена.