
Од textilue.rs, со кои често соработува, ја прашуваат што прави.
Кај си, што си, како си?
Фала на прашање, одлично сум. Дома, во пижами, пијам чај. Уствари, види што зборам, дома, па на работа сум. Сега работната соба ми е работно место.
Дали онлајн луѓето навистина повеќе се забавуваат?
Не можам да зборувам општо, но во мојот случај – о, да. Управувам со мојот распоред и што е уште поважно, можам да ги бирам луѓето и брендовите со кои соработувам. Многу го смалив тој круг и уживам во фактот што времето можам да го поклонам исклучиво на оние кои ми одговараат и ме инспирираат. Не е лош ни фактот што не морам да бркам претпоставени за потпис на решение за годишен одмор, едноставно можам да одам било каде, било кога. Само тоа сознание ми е доволно да бидам насмеана цел ден.
Зошто модното новинарство повеќе не е „работа за која би убиле милиони девојки”?
Тоа е навистина сјајна професија! Секој ден е по малку игра, по малку предизвик. Мислам дека од основно школо одлучив дека ќе припаѓам на некоја светкава, мазна редакција и точка. Тоа брзо ме одведе и на места каде што требаше да бидам во тие моменти. Имав сјајна деценија работејќи на глоси изданија како ELLE и L’Officiel. Имав среќа да работам со многу талентирани и забавни луѓе, па не се ни чувствувам како некоја баба од списание. Едноставно, си отидов кога енергијата стана лоша и кога целата индустрија почна полека да се руши. За жал, прво си отидоа најталентираните луѓе. Би сакала некои од нив да се вратат во принт и создавање, затоа што навистина сакам списанија, па би сакала да имам и некое домашно за уживање и листање.
Жал ми е што и глобално се повеќе наслови исчезнуваат. Гледам нови списанија и се надевам дека модното новинарство ќе преживее во формата што му ја знаеме.

Уште колку текстови на тема „блогер што живее од блогот” ќе прочитаме?
Признавам дека и мене ми звучи малку смешно од прва. Но само ако го набљудуваме тоа површно. Блогерите на ова подрачје не се на некој посебен глас, но ајде прво – што се блогери? Да се биде блогер не е занимање, сите луѓе кои имаат своја адреса на интернет имаат и свое занимање. Има тука одлични писатели, новинари, фотографи, стилисти… За тоа овде никој не ни зборува и има склоност сите видови сајтови/блогови да се ставаат во иста фиока во потрага за сензација: „таа се облекува, се слика и одлично заработува”. Зад многу блогови стои подеднаква количина вложен труд како и на текстови и вести на било кој друг медиум. Навикнати сме кај нас да се банализираат и многу позахтевни професии, така што ова не е исклучок. Најчесто лажам дека само нешто „чачкам” на интернет и пуштам луѓето да веруваат во што сакаат.
Немам нерви да се правдам. Ако работите напорно, чесно и добро, има начин да живеете од својата работа. Да, толку е едноставно.
Колку смее да се лаже по социјалните мрежи?
Премногу! Се разбира дека е забавно да го режираш својот живот, да додаваш малку магичен прав во досадното секојдневие, па и со добро кадрирање да зачиниш досадна ситуација. Тоа ми е во ред и ги поддржувам тие вежби за креативност. За жал, Инстаграм одамна престана да биде она што е во основа замислено дека треба да биде и се разви во полигон за изживување на неталентирани луѓе и подгревање суети. Дел од следачите ги купувате, дел ги набавувате преку апликација, додавате уште 2-3 илјади преку лажни наградни игри, се зачленувате во групи за коментирање и ете: Важни сте преку ноќ.
Неконтролирано превртувам со очи кога ќе почне приказната со „инфлуенсери” (влијателни), бројки, авиони и камиони што идат заедно со сето тоа. Веќе не е интересно ни да се згрозуваме. Едноставно, луѓето мораат да научат да игнорираат празна и лоша содржина.
Сепак, судеќи по насловите на домашните сајтови и текстови кои се форсираат, тоа баш и не им оди од раце. Живеам во сопствено меурче, пратам мал број вистински креативни луѓе, чии идеи секојдневно ме воодушевуваат, и понатаму читам блогови и сајтови кои инсистираат на интересни вести и духовитост. Можно е да се живее без информации кои вреѓаат интелигенција и луѓе кои се познати само затоа што постојат. Се надевам дека и останатите тоа ќе го сфатат.
Што доби модата со развојот на социјалните мрежи?
Сè! И сешто! Како една од најнајпредните индустрии, модата е интернет, па затоа и социјалните мрежи си ги прибра од самиот почеток. Твитер и Инстаграм станаа алат на модните пионери пред скоро десет години. За тоа време, модата премина од елитизам во демократија. Кругот е скоро затворен и модата се враќа кон своите корени. Добрите брендови полека се откажуваат од големи ревии и одржуваат интимни презентации за избрани луѓе. Инфлуенсерите со милиони следачи исклучиво се користат како билборди и канали за продажба. Додека брендовите кои вистински наметнуваат трендови и нови правци на стилот бескомпромисно соработуваат со оние луѓе кои во потполност ја опишуваат ДНК на тој бренд.

Модата некако нè фрли во хистерија од бројки и сега се обидува да се испере.
Каде почна тоа?
Кај алгоритмот што ни ги контролира животите, почнувајќи од Фејсбук, преку Инстаграм, до Твитер, па и Нетфликс – сите сме заробени во мали кругови. Опцијата „Discover“ ја има колку да видиме ние што сакаме и што сакаат нашите пријатели. Никогаш порано не сме имале толку можности навистина да го истражиме и да го доживееме светот околу нас, а ограничени сме со низа единици и нули формирани од страна на оние кои размислуваат како нас. Единственото решение е да се вратиме на олд скул истражување. Креирајте сопствен алгоритам, излезете надвор. Не го тргајте погледот од нештата кои не ви се допаѓаат, учествувајте. Не можете да се потпрете само на мрежите, затоа што така добивате само една форма на реалност. Одете на филмски фестивали, на изложби, во книжарници…
Затоа книгите не исчезнуваат. Ниту галериите. Затоа луѓето и понатаму одат во кино. Затоа што и понатаму постои нешто волшебно во излегување во реален простор и делење нови искуства, постои одредено ниво на непредвидливост кое е речиси непостоечко кога светот го набљудувате само од своите паметни уреди.
Дали сонувањето е всушност планирање?
Морам да се согласам. Иако можеби на површина делувам прибрано и како човек што точно знае каде оди, најчесто всушност немам поим што правам. Едноставно, пловам кон остварување на своите идеи. Кога бев помлада, верував дека се мора да има своја форма и дека сите во реалниот живот се снаоѓаат подобро од мене, ама откако успехот го мерам по единица среќа во минута, јасно ми е дека не сум фатила погрешен пат – напротив!
И каде те донесе тоа?
И понатаму сум доста ангажирана околу блогот, уживам да пишувам и да споделувам информации, тоа ми доаѓа како за своја душа. Покрај тоа, соработувам со домашни и странски брендови, ги упатувам како да го најдат својот глас и правец во онлајн светот. Заедно работиме на креирање стратегии за настап на социјалните мрежи. Мојата работа е да ги следам трендовите во нивниот зачеток и што побрзо да ги имплементирам во содржината. Не ми е досадно.