
Една година подоцна, одлуката да се излезе од ЕУ веќе се манифестира на повеќе иритантни начини. Покрај значењето на зборот „обединето” во „Обединето кралство”, партиите, уметноста на реториката па дури и летните одмори, на списокот, под број 2 се наоѓа: врски.
Не е дека да го најдеш вистинскиот некогаш било лесно, но Брегзит донесе една љубовна катастрофа во земјата на Ричард Куртис, човекот зад еден од најдобрите извезени производи на Британија: Love Actually. Татлер, библијата на високото британско општество, неодамна ги истакна правилата на овој нов, храбар романтичен свет. „Сега нема ништо поважно при запознавање, од тоа како некој гласал на референдумот,” вели Емили Хил, авторката на „Лоша романтика.” Има и нова апликација за запознавање, Хејтер, која ги спојува корисниците врз основа на работите што не ги сакаат, и таа покажува дека дури 88 проценти од корисниците се споиле според нивниот заеднички презир за „останување” или „напуштање”.
„На сингл луѓето им треба ваква технологија, затоа што е факт дека не се познава дали некој бил за или против Брегзит само од едно видување, дури ни после секс,” продолжува таа. „Мирисаат исто, чувството е исто, вкусот е ист - само мозокот им е различен.”
И како тоа да не е доволно, брачни советници се соочуваат со се повеќе клиенти кои се расправаат за Брегзит. Каде е љубовта? Уништена, токму од Брегзит.