
Перла, 34, веќе три години работи во Sheri's Ranch, легален бордел надвор од Лас Вегас. Проституцијата во Невада е легална само во 24-те лиценцирани бордели во државата. Шери е меѓу попознатите и посредените, ги имаше и по телевизии, дури и во документарец на Бибиси за легална проституција.
Еве што вика Перла за таму:
„Почнав со стриптиз кога имав 22 години. Никогаш не играв скроз гола, само топлес. Тоа го правев до 27 години, па направив пауза. Кога се вратив во клубовите, економијата беше малку падната, па наместо да заработувам колку што бев навикната, за да продолжам со мојот животен стил, морав да правам компромиси. Тогаш си помислив, што друго можам да правам и како ќе заработувам пристојни пари? А имаш муштерии кои си ги привлекуваш низ годините како танчерка кои сакаат да те извадат од клубот за да правите нешто поинакво, и мене секогаш ми беше страв од тоа затоа што - не е легално. Но знаејќи дека имаше мажи кои сакаа да ми платат за времето поминато надвор од стриптиз-клубот, ме натера да размислам. Што ако можам ова да го правам легално? Така се пријавив кај Шери.

Сè се прави онлајн. Приложив три фотографии. Госпоѓата (мадам) ми врати на мејлот, со список на сè што треба да донесам и за што да се подготвам. Кога ќе влезеш, мораш да пополниш документација и одиш на доктор, затоа што нè тестираат секоја недела. Ни земаат крв и не тестираат за сите полово преносливи болести. Кога ќе поминеш, одиш кај шерифот да добиеш картичка. Кога ќе заврши и тоа, ти даваат поголема сестра да те прошета низ куќата, да ти ги каже правилата и начинот на однесување, па имаш прва тура на која што доаѓа со тебе да се осигура дека знаеш што правиш кога шеташ со муштерии низ куќата.

Имаме смени од по 12 часа: од 5 наутро до 5 попладне, па од 5 попладне до 5 наутро. Смената си ја извлекуваш, не можеш да бираш. Но обично добиваш тоа што сакаш, затоа што може да се смениме меѓу себе. Треба да седиме минимум една недела, но јас сакам да доаѓам и по три недели. Кога немам работа, си проверувам мејлови, одам во теретана или си седам до базен или џакузи. Обично си одам на две недели, па пак се враќам. Сингл сум и така сакам да остане затоа што сакам да се фокусирам. Не ми треба одвлекување на вниманието. Половина од моето семејство знае што работам и ме поддржуваат. Знаат дека сум на безбедно.

Кога си во барот и доаѓа муштерија, се познава дали има закажано или е слободен. Сите девојки што се присутни добиваат шанса да зборуваат со него и да пробаат да го убедат да дојде во нивната соба да преговара. Не ни е дозволено да преговараме надвор од спалната затоа што не е легално, па се обидуваме да ги натераме да дојдат во нашите соби. Имаш 10 минути да разговараш и да го убедиш да се врати. После 10 минути, мораш да му дадеш шанса да се запознае и со другите.
Има соба со џакузи и таа само за релаксирање. Не дозволуваме секс во џакузито. Добро е за пред или после забава да се опуштиш. Имаме и соба со када и меурчиња, таа е романтична. Имаме садо-мазо затвор, што е многу интересно. Кога ги носиш во таа соба, можеш од првата реакција да видиш дали ги интересира тоа. А сите сакаат да ја видат. Некои се плашат, па не е за секого.

Ни доаѓаат секакви мажи. Од сите сфери на животот. Не сакам да ги прашувам дали се во брак кога ќе дојдат. Ако видам бурма, тоа е. Не ги прашувам затоа што сигурно не се дојдени да зборуваат за бракот. Но би рекла дека половината од тие што доаѓаат се женети.
Доаѓаат и многу парови, и луѓето тоа не го разбираат. Понекогаш сакаат да бидеш со двајцата, понекогаш само жената сака да гледа, понекогаш мажот. Може да се развие во многу правци. Најтешкото што треба да го правам е да бидам цело време сигурна дека на жената ѝ е удобно – таа е секогаш приоритет. Ако забележам дека ѝ е и малку незгодно, ја прекинувам забавата.
Најубаво искуство ми е кога лицата ќе им се озарат кога ќе се вратат. Тоа што се враќаат по тебе, затоа што си им овозможила убаво исксутво е многу пријатно. Драго ми е што можам да му го разубавам денот некому. Кога доаѓаат хендикепирани девици многу ми значи. Обожавам да ја гледам таа среќа. Го немаат тоа во секојдневниот живот и тоа што ти можеш да им направиш разлика е едно прекрасно чувство.”