Се појави ли конечно вистинскиот Тимотe Шаламе?

Тимоте Шаламе до скоро беше омилен дечко на Холивуд и најверојатниот добитник на Оскар за главна машка улога годинава. И сега, во некоја емисија со Метју Меконахи, кажа дека „опера и балет се небитни“. И, леле како и боговите паѓаат на теме.

Генерација З се назад со материјалот на тема машко-женски односи

Речиси една третина од мажите од генерацијата З веруваат дека жената треба да му биде послушна на мажот и дека мажот треба да ги носи најважните одлуки во бракот. Ваква назадност покажува ново меѓународно истражување за ставовите кон родовите улоги кое опфаќа повеќе од 23.000 испитаници во 29 земји и открива значајни разлики меѓу генерациите во начинот на кој мажите гледаат на бракот, семејството и поделбата на моќта во врската.

Да ги толкуваш луѓето со добра намера е уметност

Луѓето стануваат сè помалку емпатични, разговорите лесно се претвораат во расправии, а различните мислења брзо се доживуваат како личен напад. За оправање, има едно старо филозофско правило што повторно станува актуелно: обидот другите да се толкуваат со добра намера.

Што значи теоријата „Пушти ги“ и како ги зајакнува границите што ги поставуваме?

Во светот на велнес-трендовите, каде што секоја недела се појавува нова „формула“ за подобар живот, една теорија особено го привлекува вниманието на социјалните мрежи: „Let Them“ - или во слободен превод, „Пушти ги“ („Остај“. „Гони ги.“).

Производителите вадат токсични тампони и влошки и око не им трепнува

Околу половина од светската популација менструира во одреден период од животот. За многумина, еднократните производи како тампони и влошки се секојдневие - практични, достапни и редовно се користат, но - сè повеќе научни истражувања укажуваат дека овие производи може да содржат хемикалии што отвораат прашања за долгорочното здравје.

„Ла Хефа“ и жените во јадрото на нарко-картелите

Рамката фокусирана на еден хипер-насилен машки лик на врвот на пирамидата - повеќе открива како јавноста го замислува организираниот криминал, отколку како тој навистина функционира.

Дубаи ќе издржи, ама тешко дека ќе го врати имиџот

ОАЕ со години се продаваа пред странците како сончева, безбедна оаза ослободена од даноци. Таа мирна слика се распадна во саботата кога заврна дожд од ирански оружја врз гламурот, мирот и Инстаграм-совршенството на Дубаи и Абу Даби.

Холивудската хиерархија на жртви

„Зборот на Н“ на БАФТА наградите ги разоткри гротескните двојни стандарди на „освестеноста“.

Како Нора Ефрон од распаднат брак создаде филмска историја

Во август 1979 година, во тивките улици на Џорџтаун во Вашингтон, една приватна сцена од брак ќе се претвори во културен момент што ќе ја обележи поп-културата на следните децении. И започнува кога Нора Ефрон, авторката на „Кога Хари ја сретна Сали“ и „Бессони во Сиетл“ ќе дознае дека сопругот ја изневерува.

Шкотска има нов тартан во чест на обвинетите за вештерство низ историјата

Дизајнот е со црно, црвено, сиво и розево и осмислен е како споменик на сите - главно жени - кои биле гонети и погубени откако бил донесен Witchcraft Act - Законот за вештерство.

Вилијам Батлер Јејтс и жените на неговиот живот

Во Стокхолм, 1923 година, Вилијам Батлер Јејтс стои пред Шведската академија и ја прима Нобеловата награда за литература, со тоа станувајќи првиот Ирец со таква чест. Комисијата ја фали неговата „инспирирана поезија која го изразува духот на цела една нација“, но она што не го спомнуваат (или не го знаат) е дека голем дел од таа поезија е посветена на жена што му мавала корпи цели 34 години.

За луѓето што поправаат правописни грешки на социјалните мрежи

Има три вида на луѓе што јавно прозиваат за правописни грешки - луѓе што навистина го сакаат јазикот, луѓе што го хранат сопственото его и луѓе што не го разбираат контекстот на социјалните мрежи.

На уметниците и писателите не им се кажува дека работат со ВИ

Уметниците и писателите сè почесто работат со генеративна ВИ, но ретко јавно признаваат дека ја користеле. Стравот дека тоа може да им наштети на угледот, според ново истражување, не е неоснован.

Младите денес се толку несреќни што менуваат фундаментални животни патеки

Се оддалечуваме од концептот „средовечна криза“ - ни доаѓа (или нè одмина?) „очајна младост“.

На сите ни треба „француска недела“

Една од погрдите работи на денешново општество е што продуктивноста стана мерка за вредност. Неделата, наместо ден за одмор, сè почесто се претвора во продолжение на работната недела - резервиран за чистење, готвење, купување, финансиско планирање и „фаќање чекор“ со обврските што не стигнале да се завршат од понеделник до петок. Во таква реалност, идејата за цел ден без конкретна цел изгледа како недозволив луксуз.

Сè повеќе жени во САД избираат трајна стерилизација

Во САД, по укинувањето на федералното право на абортус во јуни 2022 година, се забележува значително зголемување на бројот на жени кои се одлучуваат за трајна контрацепција, особено тубална лигатура - хируршка процедура која трајно ги блокира јајцеводите и го спречува оплодувањето.

Маж со дете: Џон и Бо Дерек

Го викале тогаш, а и сега се провлекува така - холивудска љубовна приказна. А проблематично е, со оглед на тоа што режисерот Џон Дерек имал 47, а девојката во која се вљубил - 16.

Од сите што адаптирале книжевност, со Емералд Фенел сме најстроги. Зошто?

Повеќе од која било понова адаптација на класичен роман, „книжевните неверства“ ѝ се припишуваат на Емералд Фенел како да е еретик.

Левис, фрижидер и Мади Вотерс

Реклама за Левис од 1988, затоа што одамна не сме се потсетиле на поромантични времиња. Помирни може не биле - ама доволно било и да се лажеме малку.

На Јутјуб има татко за тие што немаат кого да прашаат

Во април 2020 година, во сред пандемија, кога многу работи изгледаа безнадежно - на Јутјуб се појавува каналот Dad, how do I?. Зад него стои Роб Кени, Американец кој без голема продукција, без драматични најави и без маркетинг стратегија, почна да објавува видеа во кои мирно објаснува како се врзува вратоврска, како се менува гума или што да правиш кога ќе ти протече мијалник во кујна.

Книжевна категорија: Гостите на Епстин

Книжарница во Осло решила да изложи неколку наслови што ги врзува непријатна нишка.

Новиот „Оркански височини“ е само лабаво потпрен на книгата - и одличен е

Да речеме дека следат одредени точки. Детство, младост, заминувањето на Хитклиф/бракот на Кети, уште малку лудило, па стигаат до половина роман и тука завршува. Сè помеѓу е како на режисерката ѝ се чинело дека се одвиваат работите. И не знам каде е проблемот, ако не ви одговара, направете си свој филм од стотици милиони долари со ваша интерпретација. Овој е сепак во наводници.

Новите генерации како да не ги интересира секс

Лесно е да фрламе доскочици на темата, ама последиците се далекусежни и не се баш пријатни.