Десетте најглупави грешки при купување

Дали си шворц тип што се маскира во богаташ?

Луѓето се често маскирани - тешко дека е нормално некои апарати што ги поседуваат да се по 1000-2000 евра, кога тоа не е ни месечна плата, понекогаш „се частиме“ скапи и брендирани парчиња облека иако има сосема уредни ноу-нејм за третина од сумата, се руча надвор кога тоа нема економска логика, и така натаму.

Сè додека е во граници на нормалата и не должиш 85.000 долари во банка како девојката од видеото подолу (не должи за куќа, туку за чизми и такви работи) - не е страшно. Проблемот почнува кога ќе седнеш за момент, ќе размислиш и ќе сфатиш дека некои работи што ги поседуваш никогаш немало потреба да ги поседуваш и заради нив да се доведеш во ситуација да бидеш илјадници евра во минус.

Поточно - тогаш има надеж да заврши проблемот - кога ќе сфатиш.

Кои се десетте најглупи нешта што можете да ги направите во однос на шопинг?

За почеток - да копирате. Затоа што не сè што има на интернет ќе ни стои исто како на моделот/инфлуенсерот што го носи.

Да купувате импулсивно.

Да се фаќате за дизајнрски парчиња и логоа.

Да купувате од погрешни причини.

Да се занесувате дека е „инвестиција“.

Еве, од паталец:

6 октомври 2026 - 00:00